Синоќешниот меч против Лацио беше полн со емоции, Кјелини и Дибала се збогуваа со навивачите на Јувентус.
„Тоа беше неверојатна ноќ полна со емоции, тоа беше ноќ за Дибала и Кјелини“, изјави Алегри.
„Кјелини заминува, тој на Италија, на европскиот и светскиот фудбал и даде толку многу во поглед на пасија и љубов за неговата работа. Мислам дека сите во младинските академии треба да изучуваат видеа од Кјелини за да научат како да се бранат“.
„На лично ниво, тој ми даде премногу. Кога дојдов во Јувентус, тој, Буфон, Барзаљи, Бонучи и Маркисио беа тие кои ми помогнаа да разберам што претставува Јувентус“.
„Дибала беше значаен играч седум години во Јувентус. Беше дете кога дојдов, чувствувам како да сум му помогнал да порасне. Си го заработи своето место и фановите со право му даваат такво исклучително збогување кое го заслужува. Тој играше за Јуве со пасија и класа“.
Кјелини синоќа покажа насмевки и смиреност, додека Дибала плачеше како мало дете. Па Алегри беше запрашан дали е Пауло не бил подготвен да го напушти Јувентус?
„Не се работи за тоа дали е подготвен или не, тоа се чисти емоции. Веројатно Кјелини ќе плаче кога ќе си отиде дома вечерва, Пауло не можеше да се задржи. И јас почувствував емоции гледајќи ги“.






