четврток, 25 декември 2025

Алегри: Притисокот врз Влаховиќ е голем, морам да го заштитам

Објавено на

часот

Сподели

Влаховиќ одлично почна во дресот на Јувентус, но откако не постигна гол против Торино стигнаа и првите критики.
 
Српскиот напаѓач во вторник ќе дебитира во Лигата на шампионите кога Јувентус му гостува на Виљареал во првиот меч од осминафиналето.
 
„Мечот со Торино беше тежок. Во текот на сезоната имате мечеви во кои не можете да создадете многу шанси, но Јувентус одигра добар натпревар“, вели Алегри.
 
„Влаховиќ дебитира утре во Лигата на шампионите и не можеме да ставиме притисок врз него“.
 
„Мора да му дадеме поддршка и мора да го заштитиме до крај, јас ги штитам моите фудбалери“.
 
„Прашањето не е техничко, туку психолошко. За првпат тој прочита цела страница од весник која се прашува зошто тој не постигнал гол. Тоа не се случило претходно“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ