И покрај 11 освоени трофеи во пет сезони, Јувентус му врачи отказ на Алегри во 2019 година, по што на клупата на старата дама седнаа прво Сари, а потоа Пирло.
Не помина долго за Ањели да си ја признае грешката, минатото лето го назначи Алегри повторно за тренер.
„Веќе имав потпишано за Реал Мадрид минатото лето, но ми се јави Јувентус, па му кажав на Флорентино Перез дека нема да дојдам бидејќи го одбрав Јуве“, открива Алегри.
„Двапати го одбив Реал Мадрид. Првиот пат беше кога бев во преговори со Јувентус за нов договор, тогаш на Перез му кажав дека веќе му имам дадено збор на Ањели“.
„Мајка ми почина во 2018 година, па не сакав да одам премногу далеку. Сакав да останам блиску до мојот син Џорџио и мојот татко кој беше потиштен од смртта на мајка ми . Тој се уште живее во Ливорно“.
„Одлучив да се вратам во Јувентус поради тоа што сум приврзан со овој клуб и имам одличен однос со сопствениците, но исто така и за да останам блиску до мојот син кој живее со мајка му во Торино. Сакав да бидам блиску до оние кои ги сакам“.






