Серж Гнабри и Баерн Минхен никако да пронајдат заеднички јазик за нова соработка, преговорите подолго време тапкаат во место, па Давид Алаба свесен за ваквата ситуација, го советувал Реал Мадрид да се обиде да го ангажира Германецот.
Како што пренесува Билд, „кралевите“ веќе оствариле контакт со агентите на Серж Гнабри, но во моментов тоа се само информативни разговори.
Се верува дека Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд се на врвот на листата со желби на Флорентино Перез и сите сили ќе бидат насочени кон овие две имиња.






