„Кралевите“ во вторникот направија голем пресврт, стигнаа до триумф од 3-1 над ПСЖ и се изборија за четвртфинале во Лигата на шампионите. По крајот на натпреварот, во фокусот беше хет-трикот на Карим Бензема, асистенцијата на Лука Модриќ и прославата на Давид Алаба.
Дефанзивецот стана хит на социјалните мрежи откако зема столче во рака и почна да слави пред навивачите на Реал Мадрид
„Од време на време треба да се проба нова прослава и прославата со столчето е сосема во ред. Не мислев премногу, едноставно им се препуштив на емоциите. Кога ќе се случи таков спектакуларен камбек, можете да направите некоја лудост“ – вели Давид Алаба со насмевка на лицето.
„Знаeвме дека нашите навивачи и атмосферата на Бернабеу ќе бидат одлучувачки фактор. Атмосферата беше специјална. Знам од претходно дека Бернабеу може да генерира специјална моќ и токму тоа се случи против ПСЖ. Навивачите никогаш не не напуштија, не даваа поддршка во текот на целиот натпревар и на крајот ги наградивме“.
„Тоа беше магична ноќ“.






