недела, 21 декември 2025

Академија Пандев се врати на второто место, Пелистер и официјално е второлигаш

Објавено на

часот

Сподели

Академија Пандев со три бода се врати од Тетово, од гостувањето кај Ренова, а со тоа се врати и на втората позиција на табелата.
 
Мечот го одлучи еден погодок. Марко Мартинага постигна прекрасен гол во 94. минута од слободен удар за победа од 1-0.
 
Тиквеш ја оствари својата прва гостинска победа откако го совлада Скопје со 2-1. А овој триумф на кавадаречкиот тим значи и дека Пелистер и математички испаѓа во Втората лига.
 
Скопје на овој меч поведе со 1-0 со гол на Најдоски, а Тиквеш во второто полувреме со погодоци на Каракамишев и Спахиу го сврте мечот и дојде до победа.
 
Немаше погодоци на дуелот меѓу Брегалница и Шкендија.
 
Вчера Шкупи со 1-0 го победи Пелистер, Македонија Ѓорче Петров со 1-0 славеше над Работнички, а Борец со 2-0 ја совлада Струга.
 
Резултати:
 
Ренова – Академија Пандев 0:1
Скопје – Тиквеш 1:2
Брегалница – Шкендија 0:0
Пелистер – Шкупи 0:1
Македонија ЃП – Работнички 1:0
Борец – Струга ТЛ 2:0
 
Табела:
 
1. Шкупи 68
2. Академија Пандев 55
3. Шкендија 53
4. Македонија ЃП 53
5. Брегалница 39
6. Ренова 38
7. Работнички 37
8. Струга ТЛ 36
9. Тиквеш 27
10. Скопје 26
11. Борец 18
12. Пелистер 10
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ