Германските екипи имаат предност пред островските по првите полуфинални натпревари во Лига Европа.
Вест Хем доживеа непријатен пораз на свој терен од Ајнтрахт, а тоа беше најавено уште во првата минута кога Кнауф постигна гол за водство на Германците од 1-0.
Во 21. минута Вест Хем преку Антонио успеа да го изедначи резултатот, но во 54. минута Камада даде гол за ново водство на Ајнтрахт кое беше и конечен резултат 1-2.
Лајпциг со гол на Ангелино на пет минути пред крајот на натпреварот дојде до победа од 1-0 над Глазгов Ренџерс.






