четврток, 25 декември 2025

Агентот откри како Пандев завршил во Парма: Никогаш не сум договорил трансфер толку брзо

Објавено на

часот

Сподели

На големо изненадување, Горан Пандев вчера ја напушти Џенова и направи трансфер во редовите на Парма. Македонецот денеска му се придружи на новиот клуб и веќе го одработи првиот тренинг.

Во разговор со Калчомеркато, агентот на Горан Пандев откри како напаѓачот завршил на „Енио Тардини“.

„Идејата за трансфер се роди сосема случајно. Вчера околу 16:30 ми се јавија да ме прашаат дали може да го средиме трансферот, и успаевме за два часа да ја комплетираме зделката. Никогаш не сум договорил трансфер толку брзо“ – вели Леонардо Корси.

Запрашан зошто Горан Пандев ја напуштил Џенова, тој вели: „Имаше многу промени, чувствуваше дека клубот сака да почне од нула со млади играчи. Очигледно не му кажаа ништо, имаат голема почит кон него и никогаш не го принудија да замине, но Горан знаеше дека нема да биде протагонист“.

„До вчера не помислуваше за заминување од Џенова, планираше да ја заврши кариерата таму и мислам дека кога ќе се пензионира, ќе продолжи да живее во Џенова“.

„Во моментов би рекол дека ова е негова последна сезона, но кој знае што може да донесе иднината. Полн е со енергија и може да продолжи“.

„Во Парма ќе биде главен дел од проектот, ќе биде протагонист во вториот дел од сезоната. Парма има добар состав, клубот е сериозен“.

„Немаше шанси да се пресели во друг клуб од Серија А, не сака да игра против Џенова“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ