вторник, 23 декември 2025

Адеми, Седлоски и Несторовски во изборот за најдобар странец во хрватското првенство

Објавено на

часот

Сподели

Хрватскиот портал „Индекс“ прави анкета за најдобар странец во историјата на Динамо Загреб. На листата се 20 фудбалери меѓу кои тројца Македонци. Аријан Адеми, Гоце Седлоски и Илија Несторовски.
 
Засега најдобро од тројцата наши котира Аријан Адеми кој е најтрофеен странец во историјата на хрватската лига. Хрватскиот портал вели дека за него е и дискутабилно дали е странец со оглед на тоа што е роден во Шибеник. Сепак тоа што одбра да игра за Македонија го става во оваа листа.
 
Адеми од 2010 година е во Динамо Загреб и отогаш освои 10 шампионски титули, шест Купови и три Суперкупа. Во хрватската прва лига има 250 настапи и 17 голови.
 
Гоце Седлоски во летото 1996 година потпиша за Хајдук, одигра одлична сезона и пол, по што замина во англискиот Шефилд Венздеј. Тој го шокираше сплитскиот тим откако по само половина година се врати во Хрватска, но во нивниот најголем ривал, Динамо Загреб.
 
Во Динамо Загреб помина седум години, освои три шампионски титули, три Купа и три Суперкупа. Одигра вкупно 182 натпревари и постигна 24 гола. Во една сезона имаше 11 голови што за стопер е импресивно, но тој ги шутираше и пеналите за тимот.
 
Илија Несторовски три години беше дел од Интер Запрешиќ, а една од тие играше во Првата хрватска лига, претходно две помина со овој тим во Втората. 
 
Тој со 25 голови беше најдобар стрелец во сезоната во Првата хрватска лига, па беше забележан од Палермо и направи трансфер во италијанската лига.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ