Капитенот на Динамо Загреб голот го прослави многу жестоко пред „Армадата“, навивачите на Ријека. Тој го соблече дресот, го шутна корнер знаменцето и не се штедеше во прославата.
По мечот беше запрашан зошто одбра таков начин на прослава, а тој одговори:
„Тука атмосферата е страшна, секогаш наелектризирана и негативна. Тоа никогаш никаде не сум го доживеал. Секогаш има некои муабети“, објасни Адеми.
„Имавме проблем при влегувањето на стадионот. Ни дадоа ран гол, тоа не беше тоа што го сакавме. Знаевме дека се опасни во контра нападите, но на крајот ги кренавме нивото на игра и според мене заслужено победивме“.
„Многу ни значи оваа победа, се бориме за титулата, пред нас е уште тешка борба и многу дербија, секој бод е важен. На крај сакам да им се заблагодарам на сите навивачи, многу ни е полесно кога знаеме дека имаме поддршка“.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=LBCXpJ_NmUo autoplay:0]






