понеделник, 22 декември 2025

Адеми: Никогаш не зажалив што ја одбрав Македонија, а не Хрватска

Објавено на

часот

Сподели

Адеми има македонско потекло, но роден е и живее во Хрватска. Тој настапуваше за младинските селекции на хрватската репрезентација, има одиграно и пријателска за сениорите, но во 2014 година Нико Ковач не го викна за СП во Бразил, па Адеми реши да игра за Македонија.
 
По тој Мундијал, Ковач се предомисли и го викна Адеми да игра за Хрватска, но тој одби бидејќи веќе даде збор на Македонија и не сакаше да го прекрши тоа.
 
За хрватските медиуми Адеми уште еднаш рече дека не жали што ја одбра Македонија наспроти Хрватска.
 
„Како дете често одев во Македонија и кога дојде повик немав проблем да го прифатам и да играм за македонската репрезентација. И никогаш не зажалив што го одбрав тој пат, зашто на крајот се покажа како супер, дека за мене тоа беше правиот пат. Знам дека често се бара виновник за тоа што не заиграв за Хрватска“, рече Адеми.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ