Преговорите за продажба на Челси се во финална фаза, во битката остануваат само уште три понудувачи.
Се очекува официјално соопштение во скоро време, но како што пренесува Скај Спортс, Роман Абрамович во последен момент побарал додатни 500 милиони фунти за да се раздели со „сините“.
Бизнисменот од Русија вети дека сите приходи од зделката ќе ги донира на жртвите од војната во Украина, сака тој фонд да изнесува 2,5 милијарди фунти, па затоа побарал новиот сопственик да искешира плус пари.






