Челси влезе во сериозни проблеми откако властите решија да го санкционираат Роман Абрамович и да го замрзнат неговиот имот поради војната во Украина и блиските односи со Владимир Путин.
„Сините“ добија специјална лиценца за работа но со многу ограничувања, во еден момент не можеа ниту да точат гориво во автобусот со кои првиот тим патува.
Сепак, работите одат на подобро. Синоќа беше дозволено да се продаваат билет за одредени натпревари, па Челси ќе ја има поддршката на фановите против Реал Мадрид во Лигата на шампиони и против Кристал Палас во полуфиналето од ФА Купот.
Парите нема да завршат во клупската каса, па за Челси да има доволно средства да ги исплаќа обврските во следниот период, властите направија уште еден компромис и му дозволија на Роман Абрамович да инвестира 30 милиони фунти.
Финансиската инјекција ќе пристигне преку „Фодстам“ татковската компанија на Челси.






