По серијата шпекулации за продажба на Челси, вечерва се огласи Рома Абрамович. Милијардерот од Русија потврди дека бара купец за „сините“ од Лондон. Парите не му се во прв план и најави дека профитот од продажбата ќе го донира за жртвите од војната во Украина.
„Сакам да се осврнам на гласините кои се појавија во последните неколку дена и мојата сопственост во Челси. Како што кажав и претходно, секогаш сум носел одлуки кои се во најдобар интерес на клубот. Со оглед на сегашните случувања, решив дека е најдобро да го продадам клубот, верувам дека оваа одлука е во најдобар интерес на клубот, на навивачите, на вработените, спонзорите и партнерите“ – вели известувањето.
„Продажбата нема да биде брза ќе има соодветен процес. Нема да барам заемите да се враќаат. Кога е во прашање Челси, никогаш не се работело за бизнис или пари, се што правев, правев од љубов и страс кон играта и клубот. Исто така, дадов инструкции да се основа добротворна организација каде ќе биде дониран профитот од продажбата. Оваа добротворна организација ќе биде наменета за сите жртви од војната во Украина“.
„Ве молам разберете дека ова е прилично болна одлука за мене, ме боли што се разделувам со клубот на ваков начин, но верувам дека ова е во најдобар интерес на Челси“.
„Се надевам дека ќе можам уште еднаш за последен пат да го посетам Стемфорд Бриџ и лично да се збогувам со сите вас. Привилегија е да се биде дел од Челси и горд сум на сите постигнувања“.
„Челси и навивачите засекогаш ќе бидат дел од моето срце“.
„Ви благодарам“.
Роман Абрамович го купи Челси за 140 милиони фунти. Клубот му должи нешто над 1,5 милијарди фунти.






