Неодамна се појавија гласини дека Роман Абрамович во последен момент побарал Челси да му го врати долгот кој клубот го има кон него во висина од 1,5 милијарди фунти. Поради тоа наводно се искомплицирала продажбата на клубот.
Но, денеска Роман Абрамович ги негира таквите информации, вели дека не си го бара долгот од клубот и останува на ставот дека приходите од продажбата ќе одат за добротворни цели за жрвите од војната во Украина.
„Роман Абрамович не побарал позајмицата која ја има дадено на клубот да му биде вратена, таквите информации се комплетно лажни“, стои во дел од соопштението.
Концорциумот предводен од американскиот бизнисмен Тод Боли е фаворит за нов сопственик на Челси, но Британската влада не дозволува да се реализира продажбата се додека биде комплетно сигурна дека Абрамович нема да добие било каков профит од зделката.






