Утрово беше објавено дека Роман Абрамович ќе го продава својот имот во Велика Британија, вклучувајќи го и фудбалскиот клуб Челси.
Милијардерот од Швајцарија, Хансјорг Вис потврди дека му била понудена можноста да стане нов сопственик на Челси, но порача дека Русинот во моментов бара премногу.
Според пишувањата на Скај Спортс, Роман Абрамович бара најмалку 3 милијарди фунти за продажба на Челси, тој оваа недела веќе одбил предлог вреден 2,5 милијарди фунти.
Телеграф пак пишува дека Роман Абрамович бара околу 4 милијарди фунти, но тешка дека ќе добие ваква понуда, особено сега кога е на удар на јавноста поради воената интервенција на Русија во Украина и му се закануваат санкции.
Роман Абрамович го купи Челси во 2003 година за 140 милиони фунти.






