„За време на моето речиси 20-годишно сопствеништво на ФК Челзи, отсекогаш гледав на мојата улога како чувар на клубот, чија работа е да обезбеди дека сме успешни колку што можеме да бидеме денес, како и да градиме за иднината, играјќи позитивна улога во нашите заедници. Отсекогаш сум носел одлуки во најдобриот интерес на клубот во срцето. Им останувам посветен на овие вредности“, рече тој во пораката.
„Затоа денеска на доверителите на добротворната фондација на Челзи им ги предавам раководењето и грижата за ФК Челзи. Верувам дека во моментов тие се во најдобра позиција да се грижат за интересите на клубот, играчите, персоналот и навивачите“.
Роман Абрамович е еден од протераните Руси од Велика Британија што се блиски до претседателот на Русија, Владимир Путин., откако Западот почна да воведува санкции поради руската инвазија во Украина.






