среда, 11 март 2026

Фрустрации за Норис во Зандфорт, пол-позиција за Пјастри

Пол Пјастри ќе стартува од пол-позиција на ГН на Холандија, за 12 илјадитинки беше поуспешен од тимскиот колега Ландо Норис, додека домашниот миленик Макс Ферстапен финишираше како трет во квалификациите.

Објавено на

часот

Сподели

Ландо Норис беше најбрз на трите тренинзи во Зандфорт, но квалификациите донесоа фрустрации за Британецот.

Неговиот тимски колега, Оскар Пјастри постави време од 1:08.662 во последната сесија, и беше побрз за само 12 илјадитинки.

Миленикот на домашната публика, Макс Ферстапен финишираше како трет, па утре ќе стартува зад двоецот на Мекларен, а друштво во вториот ред ќе му прави Исак Хаџар, кој го оствари својот најдобар пласман.

Третиот ред е резервиран за Џорџ Расел и Шарл Леклер, а потоа следуваат Луис Хамилтон, Лиам Лоусон, Карлос Саинц и Фернандо Алонсо.

ФОТО: X/Formula 1

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ