понеделник, 16 март 2026

Французинките пружија силен отпор, но Американките дојдоа до осмо злато во низа

Женската репрезентација на САД ја продолжи доминацијата на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри, попладнево ја совладаа Франција со 67-66 за осмо злато во низа.

Објавено на

часот

Сподели

Франција загуби од САД и во женското финале на кошаркарскиот турнир во Париз.

Во возбудлив и неизвесен натпревар, домаќинките пружија силен отпор, но Американките ја продолжија својата доминација и дојдоа до осмото залто во низа.

Почетокот на натпреварот донесе тврда игра со малку поени, на пауза се замина со резултат 25-25.

Во продолжението од мечот, двете репрезентации го подигна нивото на игра, Франција прва зададе удар и поведе со +9, но САД возврати на соодветен начин и се врати во предност во пресрет на последната четвртина.

Последните десет минути донесоа неколку промени на водството, за Американките да ја преземат предноста (60-57) на две минути до крајот. Женскиот „дрим-тим“ потоа умешно ја сочува позитивата и се радуваше на победа од 67-66.

Најефикасна во редовите на победничкиот табор беше Аџаја Вилсон со 21 поен, додека Габи Вилијамс од редовите на Французинките ја заврши средбата со 19 поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ