Неверојатните „триколори“ уште во првото полувреме дадоа вртоглави 28 погодоци и имаа капитална предност. Во вториот дел само ја завршија започнатата задача.
Овој натпревар беше рекорден во три параметри на Европските првенства.
Постигнат беше најголем број на голови на една средба (84), Франција го израмни сопствениот рекорд на еден меч (46), а исто така постигна и најмногу голови за едно полувреме (28).






