Ова значи дека оваа сезона во Формула 1 ќе биде скратена на 22 трки.
Трката во Бахреин беше закажана за период од 10 до 12 април, а во Саудиска Арабија требаше да се вози една недела подоцна.
Било разгледувано трките да се одржат на европски дестинации, Портимао (Португалија), Имола (Италија) или Истанбул Парк (Турција), но времето за организација е мало, па двете трки ќе бидат откажани, без да се вози на други локации.
Пресметките велат дека поради откажувањето на овие трки Формула 1 ќе загуби повеќе од 100 милиони фунти од планираните комерцијални приходи.






