четврток, 10 јули 2025

Флуминенсе го исфрли Интер од Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Европскиот вицешампион, тимот на Интер испадна во осминафиналето на СКП откако загуби од Флуминенсе со 2-0, бразилскиот тим се пласира меѓу најдобрите осум екипи.

Објавено на

часот

Сподели

Интер во натпреварот влезе како голем фаворит, но не успеа да го најде патот до мрежата на голманот Фабио. Одбраната на Флуминенсе на чело со искусниот Тијаго Силва фантастично си ја заврши работата.

Првиот шок за Интер се случи во третата минута кога Кано даде гол за водство на Флуминенсе од 1-0.

Беше почеток на мечот, па се чинеше дека Интер има доволно време да се врати во натпреварот, но ништо не им одеше од рака на нероазурите.

Во финишот од натпреварот вршеа притисок, создаваа шанси, погодуваа стативи, а на крајот тие беа оние кои примија уште еден гол.

Херкулес во третата минута од судиското продолжение даде гол за конечна победа на Флуминенсе од 2-0.

Флуминенсе во четвртфиналето ќе го чека подобриот од мечот меѓу Манчестер Сити и Ал Хилал.

Фото: X/FluminenseFC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ