понеделник, 15 декември 2025

Флорентино Перез има бомбастичен план, ќе го менува Винисиус Жуниор со Ерлинг Халанд

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Флорентино Перез крои планови за живот без Винисиус Жуниор, целта ќе биде ангажман на Ерилинг Халанд како замена за Бразилецот.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид и Винисиус Жуниор не се на иста бранова должина кога е во прашање новиот договор на напаѓачот, кој бара да има иста плата како онаа на Килијан Мбапе, а „кралевите“ не помислуваат да му ја исполнат желбата.

Па доколку во следните 12 месеци не биде пронајден компромис, Винисиус Жуниор ќе биде продаден следното лето.

Флорентино Перез на ум веќе има име кое ќе треба да го надополни отсуството на Бразилецот и тоа ќе биде Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.

„Кралевите“ ќе треба да ја активираат откупната клаузула од 200 милиони евра, но тоа нема да биде проблем бидејќи се очекува за слична сума да биде продаден Винисиус Жуниор.

ФОТО: X/Manchester City

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ