понеделник, 8 декември 2025

Флорентино Перез го напушта Реал Мадрид

Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез одлучил да се повлече од функцијата пред крајот на својот мандат.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот човек на Реал Мадрид, славниот Флорентино Перез, планира да замина во 2026, две години пред истекот на сегашниот мандат. Ова го објавува новинарот Пепе Алварез.

Според него, 78-годишниот Перез сака уреден трансфер на власта во клубот, без оглед на тоа дали членовите на клубот ќе ги поддржат неговите предлози на референдум или не.

Перез првпат стана претседател на Реал Мадрид во 2000 година, првата ера траеше до 2006 година, а втората, која започна во 2009 година, трае до ден-денес. За време на неговиот мандат, фудбалскиот клуб по седум пати беше шампион на Европа, на Шпанија и исто толку пати го освои европскиот Суперкуп.

Флорентино е синоним за модернизација на Реал Мадрид – не само на теренот, туку и преку проекти како што се реновираниот Сантијаго Бернабеу и глобалната експанзија на брендот. Многу веројатно, фактот што во март ќе наполни 79 години е една од најголемите причини за одлуката да си замине. Сè уште не е познато кој би можел да го наследи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ