понеделник, 9 јуни 2025
Цел еден тим од популарната Ла Масиа

Флик размислува за историски потег и да излезе со стартни 11 составени од школата на Барселона

Тренерот на Барселона, Ханси Флик размислува за историски потег и да излезе со стартни 11 кои потекнуваат од популарната „Ла Маси“.

Објавено на

часот

Сподели

Чави им даде шанса на многу млади играчи да покажат што умеат во првиот тим, а тој тренд продолжи и со Ханси Флик на кормилото.

Па откако Барселона на две кола пред крајот ја обезбеди титулата во Ла Лига и ја комплетираше домашната тројна круна, новинарите го запрашаа Германецот дали размислува да игра со 11 од Ла Масиа.

„Дискутиравме интерно на оваа тема, и постои можност, но не сме донеле конечна одлука“ – вели Ханси Флик.

Медиумите веќе почнаа да шпекулираат како би изгледал еден ваков состав:

Ињаки Пења на голот, Ектор Форт, Ерик Гарсија, Кубарси и Балде во одбраната, Касадо и Гави во средниот ред и Ламин Јамал, Олмо, Фермин и Ансу Фати во офанзивата.

Доколку Ханси Флик се одлучи да игра со 11 од Ла Масиа, тоа нема да биде прва ваква ситуација, Тито Виланова во сезоната 2012/13 на теренот имаше 11 играчи кои поминаа низ школата на Барселона, сепак Германецот може да испише историја доколку од првата минута почне со 11 од Ла Масиа.

Ханси Флик исто така порача дека нема да има опуштање по освоената титула во Ла Лига и ќе одат на победа против „жолтата подморница“.

„Секако дека ќе направиме неколку промени, ќе почекаме до утре. Многу од играчите се забавуваа и славеа до доцна во ноќта. Но ако можат да се забавуваат, тогаш можат и да играат. Нема изговори“ – порача тренерот.

„Сакам да ја завршиме сезоната онака како што ја започнавме. Ова е нашиот последен натпревар на домашен терен и сакам да победиме. Сакам да ја завршиме сезоната како шампиони. Оваа година немаме пораз во Ла Лига и сакам така и да остане“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ