понеделник, 9 јуни 2025
Германецот и Барса вчера се радуваа на титула во Ла Лига

Флик не го заборави починатиот доктор Карлес: Ќе се гордееше со оваа Барселона

Барселона синоќа со победа во градското дерби против Еспањол ја осигура титулата во Ла Лига, а Ханси Флик не заборави да го спомне докторот Карлес Минаро, кој трагично почина пред два месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Ханси Флик во својата прва сезона на кормилото на Барселона оствари голем успех и домашна тројна круна откако донесе трофеи во Суперкупот на Шпанија, Купот на Шпанија и Ла Лига.

На средбата со новинарите, стратегот беше запрашан за тоа која одлука му била најтешка.

„Би рекол дека тоа беше одлуката да го одберам Војчех Шчесни како број 1, а Ињаки Пења да се пресели на клупа“ – вели Ханси Флик.

„Ињаки тешко го прифати ова, изминативе неколку месеци беа навистина болни за него“.

Стратегот не го заборави и докторот Минаро, кој почина непосредно пред натпреварот против Осасуна во март месец.

„Најтешкиот момент од емоционален аспект беше смртта на Карлес. Повеќе не е со нас, но сигурен сум дека ќе се гордееше со овој тим. Секогаш ќе го носиме во мислите, засекогаш ќе има место во нашите срца“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ