недела, 7 декември 2025

Фламенго е нов шампион на Јужна Америка (ВИДЕО)

Фламенго го освои трофејот од Копа Либертадорес откако во финалето кое се играше во Перу, го победи Палмеирас со 1-0.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бразилското финале во елитното јужноамериканско натпреварување донесе тактичка и жестока битка меѓу двата тима и само еден гол.

Клучниот момент се случи на почетокот од второто полувреме кога по изведен корнер на Де Араскаета, Данило се крена највисоко и со прецизен удар со глава го совлада голманот на Палмеирас.

Триумфот значи четврта титула во Копа Либертадорес за Фламенго и историско израмнување меѓу бразилските и аргентинските клубови — и двете земји сега имаат по 25 континентални трофеи. Дополнително, Бразилците имаат повеќе пласмани во финалињата – вкупно 45 во однос на 38 на Аргентина.

Со оваа победа, Фламенго обезбеди настап на претстојниот Интерконтинентален куп, а клубот веќе има гарантирано место и на Светското клупско првенство во 2029 година.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ