МВР претходно соопшти дека имаат пријава од фудбалер на ФК Карбинци дека во службените простории на ФК Слога Виница бил физички нападнат пред почетокот на натпреварот.
Сега виничани излегоа со нивната верзија за настанот и ги обвинија гостите за закани.
Соопштението на ФК Слога Виница ви го пренесуваме во целост:
Почитувана спортска јавност,
Фудбалскиот клуб ФК Слога 1934 – Виница најостро ги демантира лагите и инсуациите од ФК Карбинци, нивните играчи како и нивната управа.
Што всушност се случуваше пред и по натпреварот. Играчите како и дел од управата на ФК Карбинци неколку денови пред натпреварот со недолични и провокативни коментари на Нашата страна се обидуваа да предизвикаат инцидент уште пред почетокот на натпреварот. Ние како клуб бевме известени дека одредени играчи и членови на клубот ќе сакаат да иницираат немили настани и затоа бевме спремни на секоја нивна провокација да одговориме со разумност. Сепак нивната арогантност односно арогантноста на нивниот играч Миле Димитров отиде до тој степен да пишува навредливи и заканувачки пораки кон член на нашата управа, за подоцна и телефонски да се јавува и заканува кон фамилијата на членот на нашата управа.
Точно е дека играчот беше повикан во службените простории на клубот каде и самиот побара да се извини за своето непримерно однесување, за што беше известен и тренерот на ФК Карбинци, Ангелче Краљов кој исто така беше присутен во службените простории на клубот во моментот кога беше и играчот Миле Димитров.
Фудбалскиот клуб Слога 1934 секогаш се стреми за пријателство со другите клубови и секогаш пристапува максимално професионално на секој натпревар, но за секоја лага напишана се со цел да се оцрни името на клубот или на некој од членовите на управата ќе бидеме принудени да покренеме тужба против сите лица кои даваат лажни изјави и шират лаги за Нашиот клуб.
Пс. Во прилог Ви доставуваме некои од навредливите и провоцирачки коментари на дел од раководството и играчите на ФК Карбинци.
Со спортски поздрав“, стои во соопштението во кое има и слики.
Слога натпреварот го доби со убедливи 7-1, а по последниот судиски свиреж ја прослави титулата во третата лига.