сабота, 3 мај 2025

Физиотерапевтот на Лече починал во сон, имаше само 38 години

Утрешниот натпревар меѓу Аталанта и Лече е одложен поради трагична вест која доаѓа од гостинскиот табор, почина Грациано Фјорита.

Објавено на

часот

Сподели

Тој од своето полнолетство работел во клубот, иако има само 38 години, важел за многу искусен и важен член на тимот.

Тимот на Лече е во карантин во Кокаљо, каде се подготвуваат за натпреварот со Аталанта кој требаше да се игра утре од 20:45. Алармите биле вклучени кога утрово никој не можел да стапи во контакт со Грациано Фјорита.

За жал тој бил пронајден мртов во својата соба. Се верува дека смртта настапила за време на сон.

Во знак на жалост, но и вознемиреност кај фудбалерите на Лече, мечот против Аталанта е откажан. Дополнително ќе биде утврден нов термин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ