Никола Јокиќ и другарите се враќаат дома, Србија доживеа елиминација на Евробаскетот уште во осминафинале.
Вечерва Финска приреди големо изненадување и со 86-92 го совлада фаворизираниот противник, кој важеше за еден од главните претенденти за златниот медал.
Финците одлично го отворија натпреварот, во првата четвртина имаа и плус десет, но Србија знаеше како да се врати во игра, па пред крајот на вториот дел стигна до +6, а на пауза се замина со резултат 48-44.
Момците на Пешиќ не успеаја да се наметнат во третиот период, па Финска повторно се врати во позитива, и Србија беше таа која постојано го бркаше противникот.
Се играше кош за кош се до финишот на натпреварот, кога Валтонен се промовираше во неочекуван херој, погоди две тројки, врза осум поени во низа и ја однесе Финска на опиплива предност од +6 (81-87).
Србија не можеше да се врати од шокот, па конечниот резултат гласеше 86-92.
Никола Јокиќ беше најдобар, постигна 33 поени и 8 скока, а единствен кој колку-толку му помогна беше Никола Јовиќ кој постигна 20 поени.
Лаури Марканен со 29 поени и и 8 скока ја предводеше финската репрезентација која во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Франција и Грузија.
ФОТО: X/FIBA EuroBasket






