вторник, 3 март 2026

Финалист на фудбалската ЛШ гостин на Брера во Струмица

Фудбалскиот клуб Брера Струмица најави специјален гостин за дуелот со Струга.

Објавено на

часот

Сподели

Името кое пристигна во градот предизвика вистинско внимание во македонската спортска јавност.

Станува збор за поранешниот тренер на Челзи, Аврам Грант, стратегот кој во 2008 година ги одведе „сините“ до финалето на Лига на шампиони. Израелскиот стручњак допатува во Струмица на лична покана од Зоран Балдовалиев. Оперативецот на Брера го пречека Грант во својот роден град, а двајцата денеска од трибините ќе го следат натпреварот против Струга во рамките на ПМФЛ.

За струмичкиот клуб ова претставува значаен момент, бидејќи не секој ден во Македонија гостува тренер кој водел европски гигант до самата завршница на најелитното клупско натпреварување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ