Во тој период Шпанецот водеше со 5-0 во гемови. Синер одлучи да го прекине мечот поради болест. На своите лекари тој им рече дека се обидел, но дека не успеал и потоа за својата одлука го информира судијата. Додека играше, Синер неколку пати се фати за стомакот и половината од што може да се заклучи дека чувствува болки во тој предел од телото.
„Обично почнувам од противникот, но денеска морам да почнам од вас – публиката. Многу, многу ми е жал што ве разочарав. Од вчера не се чувствувам добро, мислев дека во текот на ноќта состојбата ќе се подобри, но таа се влоши. Се обидов да излезам на терен и да одиграм барем покрај меч, но не можев да издржам. Навистина ми е многу жал за сите вас, знам дека некои мораа да земат слободен ден од работа или да ги одложат своите обврски“, рече Синер.






