понеделник, 15 декември 2025

Финале за Ѓорческа, ќе се бори за пехарот во Куршумлијска Бања

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со пресврт ја совлада руската тенисерка Дарја Астахова и ќе игра во финалето на турнирот во Куршумлијска Бања, Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа не го почна најдобро мечот, го загуби првиот сет со убедливи 6-2, но во вториот одговори на идентичен начин со 6-2 и израмни на 1-1.

Во третиот решавачки сет Лина беше подобра со 6-4 за победа од 2-1 во сетови.

Во финалето Ѓорческа ќе игра со подобрата од Булгару (Белгија) и Глушкова (Бугарија).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ