Талески пред две години го напушти Вардар за да се пресели во Бенфика, авантурата во Португалија му заврши и сега повторно е во Македонија.
Се шпекулираше дека ќе потпише за Охрид, но на крајот се одлучи за враќање во Вардар.
„Со задоволство го потврдуваме враќањето на нашиот „бомбардер“ ФИЛИП ТАЛЕСКИ во дресот на Вардар. Уште многу вакви радости заедно да прославуваме. Добредојде Филип“, стои во објавата на РК Вардар.
Талески својата кариера ја започна во Металург, а подоцна настапуваше уште за Рајн Некар Лебен и Балинген. Со Вардар успеа да овои три шампионски титули и еден Куп на Македонија.
Фото: Fb/RKVardar