Откако пред два месеци замина од Вардар поради нарушени односи Талески беше без ангажман. Тој беше во преговори со домашни опции, но и егзотични дестинации на Блискиот Исток. Сепак, во приказната се појави и Татабања која има проблеми со повредите и лесно се договори со Македонецот.
Во својата кариера Талески тргна преку Металург, па направи трансфер во Рајн Некар Левен, а играше уште за Балинген, Бенфика и Вардар.
До пред неколку години Филип Талески беше и стандарден репрезентативец на Македонија, но не е во комбинација за последните неколку големи натпреварувања.






