Наша најсветла точка на турнирот беше Филип Кузмановски. Капитенот на Македонија блескаше и одново покажа дека е лидер на младиот тим.
Кузмановски ја заврши групната фаза како трет најдобар стрелец со 28 постигнати гола. Најдобриот меч му беше против Португалија кога даде рекордни 15 гола, против Романија постигна девет, а со Данците стрелаше четири пати.
На врвот на листата стрелци се Франциско Кошта и Ѓиорѓи Тсковребадѕе кои дадоа по еден гол повеќе од Кузмановски во групната фаза.






