Капитенот на нашата селекција беше дел од најдобриот тим на овој турнир во Винтертур, а исто така го доби и МВП признанието. Кузмановски беше единствен од Македонија во идеалниот тим.
Македонија го заврши настапот на пријателскиот турнир во Винтертур со две победи над Бахреин и Украина, а потоа ремизираше со Швајцарија.
Со тој резултат Македонија заврши на втората позиција зад домашната селекција која имаше подобра гол-разлика.






