Паузата ќе трае по три минути, ќе се случува околу 23. минута од полувремето.
Временските услови нема да бидат важни, пауза ќе има и кога условите би биле идеални, а не како досега кога пауза имаше за освежување само на мечевите кога температурата е висока.
Мислењата околу ова се поделени, ФИФА вели дека тоа го прави за заштита на фудбалерите, но дел од критичарите кои не се сложуваат со оваа одлука сметаат дека тоа е само за реклами од кои организацијата би заработила милијарди долари.
Светските медиуми пишуваат дека оваа одлука е донесена по состанок на телевизиските куќи кои решиле дека со ова се создава простор за дополнителни реклами.






