понеделник, 16 март 2026
Информација за оние кои вечерва ќе одат на мечот Македонија - Казахстан

ФФМ: Вечерва на стадион дојдете пеш или со јавен превоз

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) сподели корисни информации за навивачите кои купија билети за натпреварот меѓу Македонија и Казахстан кој вечерва се игра со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Големи се шансите натпреварот да биде распродаден, има билети уште за западната трибина, па ФФМ издаде корисно упатство за оние кои ќе одат на мечот.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Информација за навивачите во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан

Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена од 18:45 часот.
Ги повикуваме навивачите да пристигнат најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот и да ги заземат своите места навреме.

Препорачуваме пристигнување пеш или со јавен превоз, бидејќи паркирањето околу арената ќе биде ограничено (освен за акредитирани возила).

Лица од eticket.ffm.com.mk ќе ги проверуваат билетите, а вие порано подгответе се за проверка.

Забрането е внесување чадори, големи торби, шишиња, запалки, пиротехнички средства, знамиња и транспаренти со несоодветна содржина.

Влезот е бесплатен на источната трибина за младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории во системот на натпреварување на ФФМ.

Исто така, влезот на источната трибина е бесплатен за сите ученици придружувани од својот родител од основните училишта.

Поддржете ја репрезентацијата фер, коректно и спортски, без навреди, расистички или дискриминаторски скандирања“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ