понеделник, 2 март 2026

ФФМ со негативни оценки за судиите на дербито меѓу Струга и Вардар

Фудбалската федерација на Македонија објави анализа на судењето на дербито меѓу Струга и Вардар во 20. коло на ПМФЛ.

Објавено на

часот

Сподели

Судењето на натпреварот ФК Струга Трим Лум – ФК Вардар е оценето негативно од страна на судискиот контролор Горан Спиркоски, со посочени неколку клучни моменти кои влијаеле врз развојот на играта и создале нервоза на теренот, но без директно влијание врз конечниот резултат на натпреварот.

Имено, главниот судија Фуркан Идризи во 14. минута не досудил очигледен прекршок надвор од казнениот простор врз гостинскиот напаѓач, по што играта била продолжена со судиска топка.

Дополнително, во 43. минута пропуштен е јасен жолт картон за домашниот играч (бр. 17) поради преостар прекршок во пределот на лицето на противнички играч. Во 70. минута, пак, гостинскиот фудбалер (бр. 8) добил погрешен жолт картон за наводна симулација, иако во дуелот се здобил со повреда, по што беше и заменет.

Клучниот момент се случил во 80. минута, кога првиот помошен судија сигнализирал офсајд и бил поништен гол за домашната екипа. По ВАР-интервенција било утврдено дека погодокот е регуларен. Сепак, ВАР-комуникацијата била конфузна и предизвикала дополнителни реакции од играчите на теренот.

Дополнително, не било доследно применето правилото „само капитен“ при објаснување на спорните одлуки, а надополнувањето на изгубеното време од само три минути во второто полувреме било недоволно.

Четвртиот судија Урошевиќ не ги исполнил своите должности и одговорности во целост и направил технички пропуст уште пред почетокот на натпреварот, дозволувајќи несогласување помеѓу внесените броеви во записникот и бројот на дрес на еден играч, нешто што е крајно несериозно и недозволиво не само за овој, туку за кој било ранг на натпревари.

Стојанов Стојанче, кој ја извршувал должноста на ВАР-судија, исто така е негативно оценет. Иако неговиот конечен совет за фактичката одлука , со која беше потврден регуларниот гол за домашната екипа, бил правилен, сепак конфузната и нејасна комуникација при спроведувањето на ВАР-протоколот во клучна ситуација мора целосно да биде во согласност со пропишаниот протокол и ПФИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ