четврток, 15 мај 2025

ФФМ: Против Кожуф и Башкими е почната постапка, информирана е и УЕФА

Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) излезе ново соопштение во врска со мечот од втората лига меѓу Кожуф и Башкими кој имаше скандалозна завршница.

Објавено на

часот

Сподели

Башкими го доби мечот со гол во 94. минута кој крена многу прав. Домашните фудбалери застанаа за гостинот да постигне гол, а поради тоа и двата клуба може да добијат сериозни казни и од ФФМ и од Министерството за спорт.

ФФМ соопшти дека мечот уште не е регистриран со постигнатиот резултат, против двата клуба е почната постапка, а информирана е и УЕФА.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Како што најавивме во вчерашното соопштение, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.

По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот (главен судија, тројца помошници, контролор на судии, делегат на натпревар, комесар за безбедност од ФФМ) се веќе добиени.

Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.

Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.

Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.

ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.

Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.

Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.

Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделени при Министерството за внатрешни работи (МВР).

Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.

Фудбалската федерација на Македонија уверува дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето“, се вели во соопштението на ФФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ