среда, 4 март 2026

ФФМ отвори постапка против Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија денеска соопшти нови одлуки на Дисциплинската комисија и потврди дека е отворена постапка против Шкендија.

Објавено на

часот

Сподели

Постапката е отворена поради слаба организација на натпреварот против Пелистер кога судиите добивале закани, но кон нив исто така биле фрлани и разни предмети.

„Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија за натпреварот од 20. коло помеѓу ФК Шкендија и ФК Пелистер, поради слаба организација. Во текот на натпреварот од страна на домашната публика биле фрлани метални пари, запалки и пластични шишиња на теренот. Четвртиот судија бил погоден со запалка и метални пари, а кон него бил фрлен и скалпер, кој паднал во негова близина.

По завршувањето на натпреварот, кога судиската четворка се упатила кон соблекувалните, повторно биле фрлани предмети кон нив. Исто така, неслужбено лице влегло на теренот и вербално ги нападнало судиите. Откако судиската четворка влегла во службените простории, истото лице ги следело, навредувало и се обидело физички да се пресмета со нив“, стои во сооштението на федерацијата.

Од останатите одлуки казнети се:

– Баже Илијоски, тренер на ФК Македонија Ѓ.П., се казнува со забрана за вршење функција во траење од еден месец.

– Дејан Лескароски, тренер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за вршење функција во траење од еден месец.

– Филип Тодороски, фудбалер на ФК Кожуф, се казнува со забрана за настап на два натпревари.

– Мартин Богданоски, фудбалер на ФК Новаци, се казнува со забрана за настап на два натпревари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ