среда, 25 март 2026

ФФМ отвори дисциплинска постапка против Шкендија: За нелуѓе нема место во фудбалот!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека отвора дициплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на нивните навивачи кои наместо со минута молк да изразат почит за жртвите од Кочани, тие пееја песни од УЧК.

Објавено на

часот

Сподели

Од ФФМ велат дека нема место за нелуѓе во фудбалот и на Шкендија ѝ порачаа да земе пример од истоимениот клуб од Арачиново каде сосема достоинствено се испочитува минутата молк.

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.

Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.

ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.

За вакви нелуѓе нема место во фудбалот.
Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.

ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.

Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ