сабота, 31 мај 2025
Ригорозни санкции за предвреме напуштениот натпревар

ФФМ немаше милост и изрече драконски казни за Гостивар

Фудбалската федерација на Македонија одреди ригорозни санкции за Гостивар поради одлуката предвреме да го напуштат натпреварот против Работнички во 29. коло во ПМФЛ.

Објавено на

часот

Сподели

Минатото коло донесе нов скандал во ПМФЛ, фудбалерите на Гостивар решија предвреме да го напуштат натпреварот против Работнички во знак на протест.

Слично како и во ситуацијата со Воска, Фудбалската федерација на Македонија немаше милост и изрече ригорозни санкции.

Дисциплинската комисија одлучи да му одземе 9 бодови на Гостивар, како и да го казни со парична глоба од 2.500 евра поради напуштање на теренот. Клубот дополнително е казнет со парична глоба од 5.000 евра поради слаба организација и присуство на неслужбени лица во оградениот дел од теренот.

Гостивар исто така доби забрана за одигрување на 10 натпревари на свој терен како домаќин, односно ќе треба да игра на 100 километри надвор од теренот кој го имаат пријавено како домашен.

Претседателот на клубот, Енес Уста доби забрана за вршење на било каква функција во фудбалот во траење од 2 години поради тоа што ги повикал фудбалерите да го напуштат теренот.

Забрана за вршење на било каква функција во фудбалот во траење од 2 години доби и тренерот Блажо Панов, а иста судбина го најде и капитенот Алпер Потук, кој доби забрана за настап во период од 2 години поради повикување на соиграчите да го напуштат теренот.

Казна има и за сите играчи на Гостивар кои биле во официјалниот записник на натпреварот против ФК Работнички, тие ќе треба да платат глоба од по 500 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ