Соработката со компанијата „Јако“ заврши, Македонија се приклучува кон семејството на „Адидас“.
„Наскоро, 3 линии ќе ги обојат нашите бои“, најавуваат од ФФМ.
Во видеото на социјалните мрежи се прикажани и сите дресови кои ги имала репрезентацијата од нејзиното формирање до денес.
Со новиот дрес, Македонија би можела да дебитира во баражот за Светското првенство во кој ќе играме против Данска во март.






