вторник, 17 февруари 2026

ФФМ ќе донира столчиња на стадионите ширум Македонија

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за донација на столчиња на стадионите во Македонија, ќе бидат поделени меѓу 15.000 и 20.000 столчниња.

Објавено на

часот

Сподели

За нив ќе може да аплицираат клубови од Прва, Втора и Трета лига.

„Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за набавка на 15.000 до 20.000 нови столчиња за стадионите низ државата. Распределбата на столчињата ќе се врши согласно препораките на Општинските фудбалски сојузи и Управниот одбор на ФФМ, а ќе ги опфати клубовите од Првата, Втората и Третата Македонска фудбалска лига каде што се исполнети условите за нивна монтажа.

Клубовите, во соработка со локалната самоуправа, ќе бидат одговорни за обезбедување на монтажа на столчињата, со цел стадионите да бидат поудобни и подобро опремени за навивачите. ФФМ со оваа иницијатива продолжува да вложува во инфраструктурата и подобрување на условите за развој на фудбалот во Македонија“, стои во соопштението на ФФМ.

Одлуките на УО при ФФМ може да ги прочитате на овој ЛИНК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ