Поради напуштање на мечот со Работнички, ФФМ на Потук му изрече двегодишна суспензија. Таквата одлука сега е укината.
Самиот Потук објави на социјалните мрежи дека комисијата ги земала во предвид неговите аргументи и донела одлука за повлекување на суспензијата.
Ова значи дека 34-годишниот фудбалер наскоро ќе може да си најде нов клуб и да ја продолжи кариерата. Во Гостивар сигурно нема да остане бидејќи овој клуб е префрлен во четвртата лига, но и таму нема да смее да игра наредната сезона.
Потук е еден од играчите со најголемо минута кои играле во македонскиот фудбал. Во својата кариера го носеше дресот на Фенербахче, а има и 17 настапи за турската репрезентација и еден постигнат гол.