петок, 23 мај 2025

ФФМ ја намали казната на Шкендија за свирежите на минутата молк за жртвите во Кочани

Шкендија поднесе жалба, а ФФМ ја прифати, па новиот шампион последниот меч од сезоната против Силекс ќе го игра во Тетово со присуство на публика.

Објавено на

часот

Сподели

Според првичната казна, Шкендија требаше преостанатите натпревари од сезоната да ги одигра без публика. Таква беше казната откако дел од навивачите не ја почитуваа минутата молк за жртвите од Кочани и наместо тоа пееја песни за УЧК.

Во меѓувреме Шкендија поднесе жалба на оваа одлука, а ФФМ реши да ја ублажи казната, па наместо пет, тетовскиот клуб игра четири меча без публика.

Тоа значи дека последниот меч од сезоната на кој ќе се слави титулата, ќе се игра пред гледачи во Тетово.

На тој меч Шкендија ќе го крене и шампионскиот пехар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ