петок, 27 март 2026

ФФМ им се заблагодари на навивачите кои допатуваа во Копенхаген

Македонските навивачи уште еднаш ја покажаа својата верност, откако во голем број допатуваа во Копенхаген и беа силна поддршка за националниот тим на „Паркен“.

Фото: Фудбалска федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Иако резултатот од 4-0 во корист на Данска не беше посакуван, поддршката од трибините не изостана ниту во еден момент, а околу 2.000 Македонци создадоа одлична атмосфера на стадионот.

Ваквиот однос не остана незабележан, па од Фудбалската федерација на Македонија упатија јавна благодарност до сите присутни навивачи.

Искрена благодарност до сите навивачи на македонската репрезентација, вашата поддршка е мотив да станеме посилни“, напишаа од федерацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ