понеделник, 16 март 2026

ФФМ го реновира тренинг центарот „Петар Милошевски“ (ВИДЕО)

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) започна со целосна реконструкција на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“.

Објавено на

часот

Сподели

Главниот зафат опфаќа обновување на теренот број еден, каде се поставува нов тревник со современа дренажа. Паралелно, уреден е и паркинг простор, како и пристапот до трибините на вториот терен. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, изјави дека со овие инвестиции центарот добива нов визуелен изглед и значително подобрени услови за работа.

„Создаваме современа инфраструктура која ќе овозможи подобар развој на сите национални селекции“, нагласи тој.

Тренинг центарот е отворен во 2013 година, а по само една година го доби името на нашиот легендарен голман, Петар Милошевски, кој во 2014 година трагично настрада во сообраќајна несреќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ